Пазарот за нови електрични автомобили во Норвешка продолжува да расте

Ситуацијата во северниот дел на Скандинавија суштински се разликува од условите за експлоатација на електрични автомобили во остатокот од Европа, пред сè, западниот дел на Стариот континент. Норвежаните струјата најчесто ја добиваат од обновливи извори на енергија, а инфраструктурата на брзи полначи е на исклучително високо ниво, па затоа употребата на електрични автомобили е сосема логична. Покрај тоа, сопствениците на eлектрични автомобили имаат многу придобивки, како што се пониски трошоци за регистрација, бесплатен паркинг, бесплатни полначи и слично.

Во согласност со овие услови, Норвешка планира целосно да ја забрани употребата на возила со SUS мотори веќе во 2025 година, па оттука и растот на продажбата на електрични модели и повеќе од добредојден во очите на владата на оваа скандинавска земја.

Во 2018 година, 30,1% од сите купени нови автомобили се електрични модели. На тоа колкав е растот укажува фактот дека во 2017 година „зелените автомобили“ учествувале со 20% од пазарот, а во 2013 година само 5,5%. Минатата година Норвежаните кумулативно купиле 148.000 нови автомобили.

Ако се погледнат податоците обезбедени од Светската агенција за енергија (IEA), бројот на електрифицирани модели продадени во земјата на фјордовите е далеку поголем. Оваа агенција во своите пресметки ги вклучува и хибридните модели, а според нивните податоци, учеството на е-возилата на пазарот е речиси 40%.

Најпродаваниот автомобил во Норвешка за минатата година бил електричниот Nissan LEAF.

Во 2019 година, се очекува зголемување на продажбата на електрични автомобили во оваа земја, а норвешките власти веќе најавија и проширување на мрежата на суперполначи.