Дали знаете кој фудбалер треба да одигра најмалку минути на теRenaultт за да заработи пари за автомобилот во кој моментално се вози?

Пред неколку дена пишувавме за возниот парк на Кристијано Роналдо (CR7) кој неодамна како роденденски подарок од својата девојка доби Mercedes вреден повеќе од 700.000 евра. Сепак, ова не е најскапиот автомобил во неговата импресивна колекција. Ова признание му припаѓа на Bugatti Chiron, кој вреди повеќе од два милиони евра.

А, како стојат работите кога станува збор за останатите фудбалери, на пример играчите на Премиер лигата? Кој вози најдобар автомобил во Англија?

Веб страната givemesport.com објави список од 25 фудбалери кои возат најскапи автомобили.


25. Рахем Стерлинг: Bentley GTX – 273.500 евра
24. Фелипе Андерсон: Ferrari F12 Berlinetta – 284.500 евра
23. Мухамед Бешиќ: Rolls Royce Wraith – 297.000 евра
22. Том Хитон: Rolls Royce Wraith – 297.000 евра
21. Мамаду Сахо: Rolls Royce Wraith – 297.000 евра
20. Николас Отаменди: Rolls Royce Wraith – 297.000 евра
19. Дејан Ловрен: Ferrari 812 Superfast – 301.000 евра

18. Лис Мосет: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
17. Џефри Шлупп: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
16. Џерард Делофеу: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
15. Трој Дини: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
14. Едерсон: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
13. Сеад Колашинац: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
12. Вилфред Заха: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
11. Макс Мејер: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
10. Николас Пепе: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
9. Мохамед Салах: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
8. Серхио Агуеро: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
7. Месут Озил: Lamborghini Aventador – 322.500 евра
6. Мичи Батшуаи: Rolls Royce Dawn – 327.000 евра
5. Деле Али: Rolls Royce Phantom – 428.000 евра

4. Роберто Фирмино: Rolls Royce Phantom – 428.000 евра
3. Пол Погба: McLaren P1 – 1.029.000 евра
2. Хјунг-Мин Син: Ferrari LaFerrari – 1.367.000 евра
1. Пјер-Емерик Обамејанг: Ferrari LaFerrari – 1.367.000 евра

Сајтот направил уште еден интересен осврт на темата:
Дали знаете кој фудбалер треба да одигра најмалку минути на теRenaultт за да заработи пари за автомобилот во кој моментално се вози?

Победникот е Н’голо Канте, на кого му требаат само 10 минути и 15 секунди на теRenaultт за да го исплати неговиот Mini Cooper S, кој вреди околу 28.000 евра.