Се чини дека здружувањето на силите во автомобилската индустрија е се попопуларно, а последното би можело да биде помеѓу францускиот и италијанскиот гигант

Според европските медиуми, челниците на француската група PSA (Peugeot, Citroen, DS, Opel, Vauyhall) и италијанската FCA (Fiat Chrysler Automobili) размислуваат за партнерство.

Првиот чекор е направен од страна на Французите, чиј извршен директор, Карлос Таверес, бараl партнер за проширување надвор од Европа.

Сепак, ПСА има уште две опции. Најреална е американскиот General Motors од кого французите го купија германскиот Opel, а друга е британската група Jaguar Land Rover, која има многу проблеми во последниве месеци поради Breхit и трговската војна помеѓу САД и Кина.

Но, бидејќи PSA се фокусира на враќање на северноамериканскиот пазар, Французите ќе имаат најмала придобивка во овој поглед од Британците.

Експертите на Bloomberg веруваат дека во Торино се отворени за разговор, за што имаат потврда од извршниот директор Мајк Менли, кој изјавил дека е заинтересиран за „секој договор што ќе го направи Fiat помоќен..

Неодамна, својата соработка ја зацврстија германскиот и американскиот гигант Volkswagen и Ford, пред сè во областа на комерцијални возила и камиони, но несомнено е дека ова може да се прошири и со патничката програма со текот на времето.

Во последниве години, здружувањето не само што има спасено, туку некои производители ги има препородено, па така на пазарот доминира француско-јапонската групација Renault-Nissan-Mitsubishi.

Loading...