Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, го освои првото место во првата трка од овогоднинешниот MotoGP шампионат возена во Катар

Довизиозо до победата дојде со време од 42: 36,902 минути.

Во возбудлива трка, Италијанецот успеа да се одбрани од нападот на Марк Маркес во последната кривина, и на тој начин постигна нова последователна победа на Катарското GP.

Актуелниот шампион Маркес низ целта помина како втор со заостанување од 0,023 секунди, додека третото место му припадна на Кал Крачлоу од LCR Honda со време од 0,320 секунди.

“Не знам што да кажам, тоа беше малку невообичаена трка. Генерално, можам да бидам многу задоволен земајќи во предвид како се започна“, вели Довициозо.

40-годишниот шампион Валентино Роси трката во Катар ја започна како 14-ти, за на крајот да заврши како петти во време од 0,6 секунди зад победникот.

Втората трка во MotoGP шампионатот се вози на 31-ви март, за Големата награда на Аргентина.

Loading...