Според некои статистики, иако некои луѓе менуваат бренд секогаш кога купуваат нов автомобил, повеќето секогаш се верни на еден, најмногу заради сигурноста во однос на дефекти

Угледниот What Car? спровел истражување на скоро 13.000 возачи за да утврди кои автомобили ги возат и колку дефекти имале во последните 12 месеци.

За секој од нив, од сопственикот било побарано да каже колку чинела поправката и колку време автомобилот поминал во сервис за таа поправка. Врз основа на овие податоци, направена е единствена проценка на сигурноста за секој модел. Во истражувањето влегле вкупно 175 модели од 31 производител на автомобили, па ако купувате автомобил или размислувате за промена затоа што вашето „домашно милениче“ ви создава премногу проблеми, овој список е за вас.

Најсигурни брендови


10. BMW

Оценка за сигурност: 95,2%

BMW е на прво место во четири од вкупно дванаесет класи на автомобили кои ги истражувал WhatCar?. Како ѕвезда во гамата се покажала претходната генерација на Серија 1 со рејтинг на сигурност од 99,2%, следена од X1 со 98,1%. Треба да се спомене и постарата Серија 5 (E39), која е прогласена за најсигурна луксузна лимузина, а кабриолетот и купето Серија 2 се покажале како најсигурни во тие два сегмента.

9. Mazda

Оценка за сигурност: 95,2%

Два модели на Mazda се оценети 98,0%: CX-3 и Mazda 6, што ги прави втори најсигурни модели во својата класа. Покрај нив гордо стои и MX-5 со 93,3%. Просечната оценка за сигурност е еднаква со онаа на BMW: 95,2%.

8. Honda

Оценка за сигурност: 95,3%

Покрај тоа што е исклучително практичен хечбек, Honda Jazz е и многу сигурен со рејтинг од 99,0%. Honda CR-V е исто така сигурна опција, без разлика дали станува збор за нов или половен модел. Најновата генерација има резултат од 97,9%, а претходната генерација 94,8%.

7. Kia

Оценка за сигурност: 95,9%

И Корејците се сигурни. Kia добила просечна оцена од 95,9%, а веднаш зад овој бренд е Hyundai. Шампиони на оваа корејска марка се SUV моделот Sportage и премиум седанот Optima, и двата оценети со нешто повеќе од 96%. Веднаш под нив е plug-in хибридот Niro со оцена 95,8%, скоро исто како и Sportage и Optima.

6. Hyundai

Оценка за сигурност: 96,3%

Барате мал автомобил што нема да ве изневери? Во тој случај, моделите на Hyundai треба да бидат на вашата потесна листа. Хечбекот i20 има скоро совршен рејтинг од 99,3%, а веднаш зад него, со 98,8% е уште помалиот i10. Треба да го споменеме и хибридниот Ioniq со резултат од 97,4%.

5. Škoda

Оценка за сигурност: 96,4%

При спроведувањето на истражувањето, сите тројца сопственици на градскиот автомобил Citigo рекле дека нивните автомобили немале никакви дефекти во последната година, што му дало на Citigo совршен резултат од 100%. Ако сакате нешто со повеќе простор, Superb е исто така силен кандидат со рејтинг од 98,3%.

4. Mini

Оценка за сигурност: 96,8%

Според сопствениците на Mini, Countryman е најсигурен мал кросовер со рејтинг од 98,3%. Веднаш зад него е Clubman со 97,1%, а хечбек моделот освоил 96,1%.

3. Тoyota

Оценка за сигурност: 97,7%

Веројатноста дека во неформален разговор сте чуле дека Toyota произведува некои од најсигурните автомобили е голема, но исто така и точна. Како и Škoda Citigo, така и Aygo има совршени 100% од своите сопственици, а малку поголемиот Yaris не заостанува многу – 99,7%. Хибридните модели на Toyota се исто така сигурни: Corolla има резултат од 98,4%, а Auris (сега Corolla) 97,4%.

2. Mitsubishi

Оценка за сигурност: 97,9%

Првите три места им припаѓаат на Јапонците, а на второто е Mitsubishi. Plug-in хибридниот Outlander се покажал како исклучително импресивен, туркајќи го Mitsubishi на второто место на оваа листа. Неговиот рејтинг на сигурност е 97,8%, а само 13% од сопствениците пријавиле проблем во последната година.

1. Lexus

Оценка за сигурност: 98,7%

Фактот дека повеќето модели на Lexus се хибридни, што им дава уште еден погонски систем за „расипување“, неговото екстремно високо ниво на сигурност е уште поимпресивно. Моделите NX и RX имаат импресивен резултат од над 99% при спроведувањето на истражувањето.

Најнесигурни брендови


3. Tesla

Оценка за сигурност: 88,6%

Познато е дека Tesla имаше многу проблеми со квалитетот на изработката во моделот S и X. Веројатно поради тоа и се наоѓа ниско на оваа скала. Сепак, нејзината иднина изгледа ветувачки. Поновиот Model 3 е на врвот на сегментот на електрични автомобили со рејтинг на сигурност од 99,4%.

2. Renault

Оценка за сигурност: 87,6%

Земајќи го предвид рејтингот на сигурност од 88,6%, сопствениците на Renault Kadjar се чини дека претрпеле многу во последната година. Сепак, малку помалиот Captur се покажал како доста сигурен со резултат од 95,0%.

1. Land Rover

Оценка за сигурност: 78,2%

Додека автомобилите на Land Rover имаат добра репутација, од аспект на сигурноста, се чини дека не е така. Discovery Sport и Range Rover Sport се покажале како најмалку сигурни автомобили, со резултати од 73,1%, односно 74,2%. Всушност, сите три најмалку сигурни луксузни „џипови“ го носат логото на Land Rover.