Кога возачот има „тешка“ нога, продавачите на гориво задоволни ги тријат рацете. Потрошувачката на гориво во автомобилите што сообраќаат по автопатиштата со полн гас е вртоглава

За да се намали потрошувачката на гориво, производителите на автомобили користат разни трикови како downsizing, намалување на бројот на цилиндри, користење полесни материјали… Во суштина, сето ова носи очекувани резултати. На пример, дизел моторите се повеќе трошат скоро 4 l / 100 km. Сепак, треба да се напомене дека најмалата потрошувачка се постигнува во идеални услови, каде никој од тестираните автомобили не забрзува над 120 km/h.

Сепак, во пракса е сосема поинаку. Колку почесто ја притискате педалата за гас, толку е поголема потрошувачката на гориво. Значи, сите податоци на производителот одат нагоре, дури и ако автомобилот се вози со дозволена брзина. Автомобилите треба да се борат со отпорот на воздухот и тркалањето. Тежината на возилото исто така игра голема улога.

Добро е да запомните дека колку побрзо возите, толку е поголем отпорот на воздухот. Ова е важно затоа што максималните вредности на моќност и брзина се зголемуваат со секој нов модел. Денес, во компактни автомобили со просечен мотор, возите 200 km/h без проблеми.

Новинарите на AutoBild избрале 10 автомобили со кои се „пуштиле“ на автопат со максимално притисната педала за гас. Погледнете колку е потрошувачката на тестираните автомобили. „Алчност“ до небо.

Mercedes G 500

Mercedes создал вистинско чудовиште. G 500 е опремен со моќен мотор од 387 КС и вртежен момент од 530 Nm. Под полн гас потроши 62,3 l / 100 km.

BMW M5

Резултатот нешто помал од Mercedes G 500 – 62 l / 100 km

Audi A8

Патниот компјутер известил дека потрошувачката на гориво е 32,9 l / 100 km. Но, од AutoBild велат да не му верувате. Всушност, Audi A8 троши 36,6 l / 100 km.

BMW X5

Доколку возачот има „тешка“ нога, X5 50i на автопатот ќе троши повеќе од 49 литри гориво на 100 километри.

Fiat Ducato

Со притисната педала за гас до подот, Ducato троши 17,9 l / 100 km.

Jaguar XFR-S

Доколку цело време возите со максимална брзина, горивото во резервоарот на Jaguar би траело само 112 километри. При максимална брзина Jaguar XFR-S троши 62,5 литри бензин на 100 километри.

Volkswagen Golf 7

Потрошувачката на VW Golf 2.0 TDI додека возел со максимална брзина била над 14,5 l / 100 km дизел.

Mazda 3

Дволитарскиот мотор со четири цилиндри во Mazda 3 согорува 22,2 литри бензин на 100 километри.

Škoda Octavia 1.2 TSI

Моделот со 105 КС со притисната педала за гас до подот на тестот трошел 13,4 l / 100 km.

Ако навистина сакате да заштедите гориво, тргнете ја ногата од педалот за гас. Без ова, ниту еден технички трик што го користат производителите на автомобили нема да помогне да се намали потрошувачката на гориво.