Експанзијата на електричните автомобили ги принуди некои производители нагло да го променат својот многугодишен курс, ставајќи голем акцент на нив при креирање на квалитетно возило

Еден од овие производители е германскиот Audi кој годинава во продажба ќе го пушти првиот целосно електричен SUV, моделот E-Tron.

Audi E-Tron пристигнува во идеален момент кога пазарот во овој сегмент сè уште не е преоптоварен, бидејќи во моментов на тоа ниво се само Tesla Model X и Jaguar I-Pace.

SUV моделот на Audi ќе пристигне со почетна цена од околу 70.000 евра и во класата помеѓу Q5 и Q7 со два електрични мотори кои заедно ќе развиваат 405 КС и вртежен момент од 665 Nm.

Во текот на петгодишниот развоен процес, Audi го забележал секој чекор, а сето тоа е сумирано во 41-минутно видео кое ни покажува како е создаен E-Tron, кој ќе се произведува во фабриките на компанијата во Германија, Унгарија и Белгија.