Владата на Германија одобрила преработка на издувните системи за дизел моторите од постара генерација со цел исполнување на се поострите еколошки стандарди и избегнување на забрана за употреба

Во документ од 30-страни издадени се упатства за инсталирање на надграден систем, кој Федералното Министерство за транспорт треба брзо треба да го одобри и за да се најде на пазарот што е можно поскоро.

Меѓутоа, додека Beaumont групата која се занимава со изработка на издувните системи ја поздравува оваа одлука за која верува дека за купувачите ќе биде на располагање веќе оваа година, од друга страна големо незадоволство изразуваат производители.

Првите луѓе на VDA, група за лобирање за интересите на производителите, веруваат дека потрошувачите прво треба да размислуваат за купување нови возила, а не за унапредување на старите.

Производителите тврдат дека тие не може да ја гарантираат сигурноста на возилата во кои е вграден неовластен издувен систем, а одговорноста за какви било последици и штета предизвикана поради преработка на истиот треба да биде на товар на сопствениците на возилата и компанијата која го вградила спорниот дел.

Додека Volkswagen и Daimler се согласиле да учествуваат во финансирањето на прераработка на проблематичните дизели, BMW цврсто е против и ја охрабрува германската влада да даде субвенции за замена на старите автомобили со нови модели.

Германските производители се согласиле да учествуваат со до 3.000 евра по возило во надградбата на софтверот за да го направат издувниот систем поефикасен, но еколозите велат дека тоа е недоволно.

Проценките велат дека на патиштата низ Германија крстосуваат 15 милиони дизел возила, од кои само 2,7 ја имаат последната генерација со евро-6 технологија. Се проценува дека „чистењето“ или преработка на дизелите со Евро-5 технологија ќе чини околу 15 милијарди евра.

Многу градови во Германија минатата година одлучија да ги забранат дизел возилата, а многу други светски градови, како што се Париз, Мадрид, Атина, Мексико Сити, ќе го сторат тоа до 2025 година.

Чекор понатаму оди градоначалникот на Копенхаген, кој планира да ги забрани и новите дизел мотори да влезат во градот, што на пример Франција и Велика Британија имаат намера да го направат до 2040 година.