Ниту еден електричен автомобил во историјата не е продаден во толку примероци колку Model 3 изминатиот декември

Во последниот месец од годината која е зад нас, Tesla продала дури 25.250 примероци од Model 3, со што овој модел поставува апсолутни стандарди за електричните автомобили.

Американската компанија долго време се мачеше со производството на Model 3, па така пред само една година имаше продадено само 1.060 примероци, во мај и јуни вкупно 6.000, по што следеше голем пораст проследен со 14.250 примероци во јули и 17.800 во август.

Американскиот производител на автомобили, исто така, продал речиси 100.000 единици од Model S и Model X, a дури 90.000 возила се испорачани во последниот квартал од годината, период во кој во производствените погони на Tesla склопувани под 1.000 автомобили на ден.

Така, завршната бројка на Tesla за годината зад нас е 141.546 продадени единици од Model 3 или вкупно 245.250 автомобили (од сите модели во гамата), што е апсолутен рекорд во сегментот на електрични автомобили.