Францускиот модел во исто време е меѓу трите најпродавани модели во Европа

Компактниот кросовер Renault Captur успеа да влезе меѓу најпродаваните нови автомобили на европскиот пазар во јуни. Францускиот модел е лидер во SUV сегментот и трет во вкупното рангирање на JATO Dynamics.

Интересно, Captur и понатаму е популарен меѓу клиентите, иако актуелната генерација е на крајот од својот животен циклус. Новата генерација на моделот ќе биде претставена во септември, а продажбата ќе започне до крајот на годината.

Лидер во продажбата во Европа е Volkswagen Golf, кој во јуни стигнал до 37.569 клиенти (пад од 13.6% споредено со истиот период во 2018 година). Втората позиција е за Renault Clio – 35.972 (-9.9%), а на трето место е Renault Captur – 28.186 (+ 5.2%).

Меѓу првите пет за месец јуни се и Volkswagen Polo – 24.005 единици (-32.1%) и Dacia Sandero – 23.150 единици (+ 4.5%).

Останатите пет места во Топ 10 најпродавани модели во Европа се за Dacia Duster (21.663 единици, +10.8%), Opel / Vauxhall Corsa (20.932, -6.8%), Ford Fiesta (20.922,18, 5%), Peugeot 208 (20.907, -4.3%) и Volkswagen Tiguan (20.603, -17.5%).