Шампионатот во Formula 1 сеуште е жив по трката за Големата награда на САД во Остин која заврши со триумф на Кими Раиконен

Раиконен го оствари својот прв триумф по враќањето во Ferrari и го спречи Луис Хамилтон и официјално по петти пат да биде крунисан.

Финецот ја заврши трката пред херојот Макс Верстапен и Хамилтон, кој не успеа да направи доволна разлика во однос на единствениот конкурент за титулата Себастијан Фетел.

Имаше многу опции и пресметки според кои Англичанецот можеше да стигне до првото место, но благодарение на одличната тактика на Ferrari и исклучителното возење на Верстапен Formula 1 шампионатот е спасен – барем за сега. Хамилтон најверојатно ќе освои нова титула, но за неа ќе мора да почека барем уште една недела и трката во Мексико, бидејќи има 70 бодови повеќе од Фетел, на три трки до крајот.

Зад водечкото трио се најде Фетел кој успеа да го претекне и задржи зад себе Валтери Ботас и со тоа да обезбеди нова каква таква шанса во трката за титулата, додека останатите кои ги комплетираа најдобрите десет се Нико Хулкенберг, Карлос Саинц Јуниор, Естебан Окон, Кевин Магнусен и Серхио Перез.

Веќе во првиот круг Раиконен го претекна Хамилтон и го зазеде лидерското место, додека Фетел направи грешка и по контактот со Рикардо падна на 13-то место. Рикардо, во меѓувреме, се откажа, додека Хамилтон поради нешто поинаква тактика, рано отиде во боксот по нови гуми.


Многу брзо, по заминувањето на Раиконен на замена на гумите, Хамилтон стигна до водечката позиција и имаше убедливо водство, но во Ferrari не мислеа туку така да се предадат.

Нивнтата претпоставка беше дека момчето од Лондон поради истрошеност на гумите ќе мора повторно во боксот, па наместо на Фетел, сите надежи ги ставија на Финецот (веќе ни во Ferrari никој не верува дека Фетел може до нова титула) кој со покасното менување на гумите дојде во ситуација титулата во шампионатот да зависи до самата завршница на трката.

За цело тоа време Макс Верстапе се пробиваше напред и сосема заслужено го освои епитетот возач на денот, бидејќи тој започна од 18 место, а на крајот заврши како втор.

2018 United States Grand Prix: Резултати

2018 United States Grand Prix: Race Highlights

2018 F1: Генерален пласман ВОЗАЧИ

2018 United States Grand Prix: Изјавија по трката

Кими Раиконен

Макс Верстапен

Следната трка во шампионатот е закажана за 28 октомври и Големата награда на Мексико.