Британскиот електричен автомобил дизајниран во ретро стил – во стилот на традиционалното Лондонско такси – доби дозвола од француските власти дека може да се користи за такси услуги во главниот град на оваа земја

Властите во Париз очајно се обидуваат да го намалат загадувањето на воздухот во метрополата, а една од мерките ќе биде и воведување на електрични такси возила.

Новото Лондонско такси на електрична енергија, кое компанијата London Electric Vehicle Company (LEVC) го произведува во фабриката во Ковентри, освен во Велика Британија, ќе се користи и во францускиот главен град.

За волја на вистината, TX eCity не е чисто електрично возила, туку освен електромоторот – кој служи како погон, има и мал бензински мотор кој се користи само како генератор за дополнителна струја кога батериите ќе се испразнат и кога треба да се зголеми автономијата на возење.

Од британската компанија LEVC наведуваат дека eCity може да помине и до 600 километри пред да застане за дополнување на батеријата (или резервоарот за бензин). Воедно од компанијата тврдат дека оваа бројка е повеќе од доволна за просечен таксист во Лондон, кој поминува околу 200 километри дневно.

Покрај тоа што е загадувањето на урбаната средина е неспоредливо помало во споредба со обичните такси возила со бензински или дизел мотор, TX eCity е значително поевтин за експлоатација. Токму затоа овој модел веќе е многу популарен во Лондон, каде што во моментов сообраќаат преку 600 автомобили, а веќе е баран и од такси здруженија во други европски градови, како што се Амстердам, Берлин, Хамбург и Осло.

Употребата на TX eCity во Парис ќе за во првата половина од 2019 година.