Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон ја прекина серијата победи на Ferrari и триумфираше на трката за ГН на Русија

По двете победи на Леклерк и едната на Фетел во Сингапур, Хамилтон ја забележа својата деветта победа во тековната сезона и го зголеми водството во генералниот пласман.

Зад Хамилтон, заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас, а на последното место од подиумот се искачи младиот возач на Ferrari, Чарлс Леклерк.

Првата петорка ја заокружија возачите на Red Bull, Макс Ферстапен со над 20 секунди заостанување зад Леклерк и Александар Албон, кој трката ја започна од последната, дваесетта позиција.

До нови бодови во Сочи стигнаа и Карлос Саинз (McLaren), Серхио Перес (Racing Point), Ландо Норис (McLaren), Кевин Магнусен (Haas) и Нико Хулкенберг (Renault).

По убедливото возење на саботните квалификации, од првата стартна позиција тргна Леклерк, а по него следуваа Хамилтон и Фетел. Доволно за луѓето во Ferrari да веруваат дека може да стигнат и до четврта по ред победа во шампионатот.

Почетокот на трката беше многу интересен од гледна точка на Фетел и возачите на McLaren. На крајот од стартниот правец, Германецот успеа да го помине својот клупски колега и да избие на водечката позиција. Саинз и Норис имаа одличен старт, а Шпанецот успеа да го помине Ботас, дури и му се закануваше на Хамилтон во еден момент, додека Норис беше веднаш до Ботас.

Уште на самиот почеток инцидент. По инцидентот во првата кривина во кој учествиваат Џовинаци, Грожан и Рикиардо, последните двајца завршуваат надвор од патеката. За Грошан трката заврши уште на самиот старт, а на патеката излегува возилото за безбедност кое останува три круга.

Околу 13-от круг, Фетел беше сеушта во водство пред Леклерк. Тогаш од Ferrari стигнува наредба Германецот да го пропушти неговиот помлад колега, која Фетел одбива да ја спроведе во дело со изговор дека е премногу далеку позади него. Тимот на крајот се решава некое време нивните возачи да ги задржат позициите, за да можат да се оддалечат кај Хамилтон, кој беше на средно тврди гуми и се очекуваше да биде многу брз на крајот од трката.

Во 23-от круг, Леклерк оди на промена на гумите, а Фетел останува уште неколку круга пред и тој да замине во боксот. Очигледно, во Ferrari направиле перфектна проценка како Леклерк без многу полемики и наредби за престигнување. По боксот и промената на гуми, Фетел на патеката се враќа по Леклерк.

Набрзо потоа болидот на Фетел има дефект наMGUH на погонската единица и мора да го паркира автомобилот веднаш до патеката. Поради тоа, на патеката во сила влегува виртуелното возило за безбедност. Mercedes го користи моментот и двајцата возачи ги внесува во бокс на менување на гумите. Со оглед на бавното движење на сите на патеката, Хамилтон по промената излегува прв пред Леклерк со предност од околу 6 секунди. Само неколку моменти по рестартот, во песокот покрај патеката завршува и Расел од Williams.

По излетувањето на Расел подигнато е ново жолто знаме, а возилото за безбедност излегува на патеката.

Од боксот на Ferrari веднаш следува реакција и го повикуваат Леклерк на нова промена на гумите, но лошиот избор на гуми и лошиот тајминг, само допринесоа Леклерк да го загуби и второто место по рестартот на трката.Овој потег го чинеше и второто место. 

До крајот на трката, 20-на кругови, меѓу водечките остана без промени. Леклерк во неколку наврати срамежливо се обиде да го помине Ботас за воопшто да има шанси за дуел со Хамилтон, но се остана само на обиди без шанса за било каква промена на позициите.

Следната трка во календарот е ГН на Јапонија на 13 октомври.

2019 Russian Grand Prix: Резултати







2019 Russian Grand Prix: Race Highlights



2019 Russian Grand Prix: Изјави по трката



„Добро е што сме на подиумот, но срам е за тимот да не го и има вториот болид овде. Јас секогаш ќе му верувам на тимот, но треба да разговарам со нив за да ја знам ситуацијата подобро”, изјави Леклерк

„Да започнеш од четвртата позиција и да завршиш на втората позиција, за мене е добар. Но, да се земе 1-2 е одличен резултат за тимот. Верувавме дека го имаме потребното темпо и покажавме дека можеме да го сториме тоа”, изјави Валтери Ботас .

„Резултатот денес е неверојатен, бидејќи колку брзи од Ferrari се виде уште на почетокот.
Тогаш се чинеше дека не чека само дочга трка без шанси”.