Хуманите моторџии повторно возеа низ Скопје за да ја подигнат свеста за машкото здравје

Урбани моторџии облечени во елегантна облека и уникатни мотори вчера по четврти пат дефилираа низ улиците на Скопје, пренесувајќи порака за потребата од покренување на свеста за машкото здравје и за превенција од ракот на простатата.

Тие се дел од глобалното движење The Distinguished Gentleman’s Ride, кое годинава се одржува во над 690 градови во повеќе од 110 држави низ светот, а во кое ќе учествуваат над 100 илјади џентлменски облечени мажи и жени кои ќе ги управуваат своите класични и стилизирани мотоцикли.

Настанот се организира секогаш последната недела од септември според опредени правила и мора да има одлики што се специфични за самото движење како уникатни мотори и елегантен дрес код составен од палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и задолжително кацига за безбедност.

Повеќе слики од целиот настан на следниот линк.

Извор: a1on.mk