Нико Хулкенберг во Renault го постави најбрзото време на четвртиот и последен ден од првиот предсезонски тест во Барселона

За три десетинки од секундата побавно време имаше Алекс Албон со Toro Rosso, кој пак беше нешто побрз од вториот возач на Renault, Даниел Рикардо.

Зад нив се најдоа двајцата возачи на Mercedes, кои последниот ден возеа малку побрзо, односно со времиња под 1.18 . Чарлс Леклерк четвртиот ден го заврши на шестото место, но треба да се нагласи дека Ferrari во текот на целиот ден не користеше гуми со помека компонента од C3.

Тимот на Williams конечно извозе цел ден, иако ако се види бројот на извозени кругови тоа можеби и не изгледа така. Џовинацо во Alfa Romeo беше оној кој извозе најголем број на кругови во последниот ден од првиот предсезонски тест и со тоа покажа конзинстентност на болидот. Треба да се издвои дека напредокот е одличен и кај Haas, во однос на сигурноста на болидот, кој вчера немаше големи проблеми како претходните денови.

Вториот предсезонски тест започнува во вторник на 26 февруари.