Една од најдинамичните и најсофистицираните индустрии во светот во 2018 година бележи благ пад споредбено со претходната година

Имено, според агенцијата JATO Dynamics, во 2018 година се продадени 86,01 милиони автомобили, во споредба со 86,43 милиони во 2017 година што е благ пад од 0,5 проценти.

Статистиката на познатата агенција се однесува на првите 54 светски пазари. Од собраните податоци, јасно е дека Кина повторно е „најмоќната“ земја на која се однесува над 30% од глобалната продажба – 28,08 милиони автомобили.

Меѓутоа, во најнаселената земја во светот, продадени се 2,8 отсто помалку автомобили споредено со една година порано.

„Падот на продажбата во Кина има импликации за котација на глобалниот пазар во 2018 година“, вели Фелипе Мунјоз, глобален аналитичар во JATO Dynamics. „Додека Кина зазема скоро 30 отсто од светската продажба на автомобили, секоја промена што се случува таму неизбежно ќе влијае на целиот свет“.

На Европскиот континент испорачани се 17,7 милиони возила, што го прави втор по големина пазар, но далеку зад кинескиот. Заедно со третопласираните Американци, Европјаните продале повеќе автомобили отколку Кинезите.

Изненадувачки резултат има Индија, каде се продадени вкупно 3,92 милиони возила, повеќе отколку во Германија или Велика Британија. JATO Dynamics предвидува дека до 2021 година оваа земја ќе стигне до третото место на глобално ниво.

Поголемиот дел од продажбата за минатата година се однесува на SUV возила, така што сега овој сегмент зафаќа 36,4 отсто од вкупниот пазарен колач со 29,77 милиони единици.

Што се однесува до производителите, Toyota повторно е на прво место со 8.09 милиони продадени автомобили. Зад Јапонците значително заостанува групата Volkswagen so 6.74 милиони и Ford со продадени скоро 5 милиони возила. Сепак, светскиот бестселер не е Corolla, туку Ford F-Series со 1,07 милиони продадени примероци.

Како беше во Македонија…

Продажба 2018 (податоци на царинска управа)

Продажба 2017 (податоци на царинска управа)