Престижните награди Златен волан се доделени по 43. Пат. Една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија ја доделува најголемиот германски неделник Bild

Церемонијата за доделување на наградите на гала-вечера во Берлин ја одбележила и потврдата на директорот на Тesla, Илон Маск, дека ќе направи „Гигафабрика“ во близина на аеродромот во германската престолнина.

А наградите по класи се вака распоредени:

Мал: Audi A1 Sportback 30 TFSI

Компактен: BMW 1 Series M135i xDrive

Горна средна класа: Tesla Model 3 (EV)

Мал теренец: Mazda CX-30 Skyactiv-D 1,8

Среден теренец: Jaguar I-Pace (EV)

Голем теренец: Audi e-tron 55 quattro (EV)

Спортски: Toyota GR Supra 3.0

Најатрактивен: BMW Серија 8

Најдобар автомобил под 25.000 евра: Škoda Kamiq

Најдобар автомобил под 35.000 евра: Kia XCeed

Најдобра иновација: гумите Michelin airless