Доделени наградите „Златен волан 2021“ (Golden Steering Wheel 2021) / ВИДЕО
BILD am SONNTAG, најголемиот германски неделен магазин, и европската групација AUTO-BILD по 45-ти пат ги доделија наградите „Златен волан“ за 2021 година, една од најважните европски награди во автомобилската индустрија
Гала настанот, кој се одржа во согласност со актуелните хигиенски правила за Корона, се одржа во висококатницата Axel Springer во Берлин со присуство на околу 120 извршни директори, управни директори и познати личности од бизнисот, медиумите и политиката.
Golden Steering Wheel 2021 оваа година донесе 12 награди во категориите мали и компактни автомобили, електрични мали и компактни автомобили, средна и висока класа, средна и висока класа електрични модели, SUV, SUV електрични, спортски автомобили, ван / семејни возила, најубав автомобил, иновација на годината, најдобар автомобил за помалку од 25.000 евра и најдобар автомобил за помалку од 35.000 евра.
Големиот добитник во овогодинешното издание на „Златен волан“ е Cupra. Возилата на шпанската марка од групацијата VW се победници во три категории: Cupra Leon е најдобар мал и компактен автомобил, Cupra Born е награден за најдобар електричен модел во истата класа возила, а Cupra Formentor VZ5 е најдобар SUV.
Mokka ја продолжува успешната серија на Opel кога станува збор за наградите „Златен волан“. По Opel Ampera во 2017 година и Corsa-е минатата година, Mokka е третиот електричен модел и воедно првиот SUV на Opel koj ја освоил оваа престижна титула.
Победници по категории:
- Мали и компактни автомобили: Cupra Leon
- Мали и компактни автомобили (електрични): Cupra Born
- Средна и висока класа: Porsche Panamera
- Средна и висока класа (електрични): Mercedes EQS
- SUV: Cupra Formentor VZ5
- SUV (електрични): Skoda Enyaq iV
- Спортски автомобили: BMW M4 Competition
- Ван/Семејни автомобили: Mercedes EQV
- Најубав автомобил: Audi e-tron GT
- Најдобар автомобил по 25.000 евра: Opel Mokka-e
- Најдобар автомобил по 35.000 евра: Toyota GR Yaris
- Иновација на годината: Schaeffler electric axle