Најдобро оценет од страна на EuroNCAP е Mercedes EQE

Европската безбедносна организација EuroNCap ги објави резултатите од најновите тестирања. Меѓу десетте автомобилски новитети, осум заработиле максимален број ѕвезди, а два по една ѕвезда помалку.

Mercedes EQE од стрна на EuroNCAP e оценет како „одличен“, особено неговиот нов полуавтономен систем за итно запирање. Системот Active Distance Assist DISTRONIC е достапен како опција и обезбедува помош при возење на автопат: ако возачот не реагира, системот безбедно маневрира и го „вози“ автомобилот во најбавната лента пред целосно да запре.

Меѓу автомобилите со највисоки оценки се Mazda CX-60, редизајнираниот Volkswagen Golf, BMW X1, BMW Series 2 Active Tourer, Seat Ibiza, Seat Arona и кинескиот BYD Atto 3.

Скалило подоле или со една ѕвезда помалку се Citroën C5 X и Mobilize Limo (автомобил развиен во соработка помеѓу Renault и под-марката Mobilize). Иако се оценети како „генерално цврсти“, послабата стандардна опрема и малку послабите перформанси на тестовите за активна безбедност се причината за освојување на само четири ѕвезди.