Независните тестови покажуваат значителни разлики помеѓу официјалната автономија и реалната

Во моментов, Tesla е апсолутен лидер кога станува збор за автономијата или изминатата километража со едно полнење на батеријата на пазарот на електрични автомобили, барем додека не се појават машините на Lucid Motors. Новиот американски производител ветува автономија околу 830 километри со својот сериски седан модел Air, кој ќе биде претставен на 9 септември, а почетокот на неговата продажба е закажан за средината на 2021 година. Овој автомобил може да напише ново поглавје во историјата на возилата со погон на струја.

Според официјалните податоци, автономијата на Tesla односно Model S базиранa на едно полнење на батеријата пресметано според циклусот WLTP е 610 км. Но, што се случува во реалниот живот? На ова прашање одговараат експерти од францускиот AutoPlus кои решиле лично да ја проверат километражата на секој електричен автомобил во Топ 10. 

Резултатите од нивните тестови, спроведени на тест-локација во близина на францускиот град Есон, покажале доста интересни резултати.

  1. Tesla Model S – 491 км (610 км според WLTP)
  2. Tesla Model 3 – 434 км (560 км според WLTP)
  3. Kia e-Soul – 397 км (452 км според WLTP)
  4. Hyundai Kona EV – 393 км (449 км според WLTP)
  5. Audi e-tron 55 – 387 км (466 км според WLTP)
  6. Kia e-Nirо – 381 км (455 км според WLTP)
  7. Jaguar I-Pace – 372 км (470 км според WLTP)
  8. Tesla Model X – 370 км (470 км според WLTP)
  9. Mercedes EQC 400 – 332 км (414 км според WLTP)
  10. Nissan Leaf – 326 км (384 км според WLTP)