Автомобилски брендови на кои им претстои добра иднина
Овие производители брзо се прилагодуваат на новите услови на индустријата
Пред неколку недели, анализа на „Autocar“ идентификуваше премиум марки кои се во сериозна опасност поради новите предизвици во автомобилската индустрија. Тоа се електрификацијата, развојот на нови технологии за поврзување и автономија на автомобилите, појава на нови брзорастечки компании, глобалната пандемија на COVID-19, Brexit, недостатокот на полупроводници и промена на потрошувачките навики.
Сега е редот на брендовите за кои се очекува да напредуваат. Во моментов, тие функционираат многу добро и според британските колеги, овој тренд ќе продолжи, барем во блиска иднина.
Hyundai Motor Group
Во овој случај станува збор за цел концерн – Hyundai Motor Group, кој вклучува три главни брендови. Во моментов е трет по големина производител на автомобили во светот, со профит од над 2 милијарди евра во кошмарната 2020 година за автомобилската индустрија. А, тоа значи дека оваа година бројките ќе бидат уште посериозни.
Во април, Hyundai постави продажен рекорд на месечно ниво во својата историја и на тој начин се поуспешно се натпреварува со Volkswagen. Брендот Kia исто така има добри перформанси низ целиот свет, додека премиум брендот Genesis сè уште се развива. Корејците создадоа и нов бренд за електрични автомобили – Ionic, кој барем на стартот покажува дека нема да има конкурент во однос на цената и техничките можности.
Volvo
Во својата прва година под капата на Geely – 2010, Volvo продаде 373.525 возила и оствари профит што беше оценето како успех. Во 2019 година, резултатот на Швеѓаните беше над 700.000 продажби и 1,5 милијарди евра нето добивка. Швеѓаните се потпираат на безбедноста, заштитата на животната средина и им испраќаат правилни сигнали на своите клиенти, што треба да им донесе успех.
MG
Во сопственост на SAIC, најголемиот производител на автомобили во Кина во текот на изминатата деценија, брендот MG веќе долго време има потенцијал да биде барем неѓу главните играчи на пазарот. Во моментот, сопственикот на оваа марка сè уште нема јасна стратегија, бидејќи е принуден да работи со премногу брендови, но ова треба да се промени.
Според новиот план на Кинезите, MG треба да стане глобален бренд, кој во 2024 година ќе продава повеќе од милион нови автомобили на повеќе од 100 пазари ширум светот. Фокусот е ставен на евтини електрични автомобили, кои, сепак, ќе понудат сериозна автономија со едно полнење.
Toyota
Ако се зборува за индивидуалните брендови, Toyota е најголемиот производител на автомобили во светот во последниве години. На многумина не им се допаѓа бавната транзиција кон електричните автомобили, но Јапонците успеаја да соберат големи дивиденди од продажбата на хибриди, каде што тие се лидери на пазарот. Собраните средства беа инвестирани во истражување и развој, особено во областа на цврсти батерии. Ова секако ќе ја зајакне позицијата на Toyota на глобално ниво.
Tesla
Овој бренд колку е сакан, толу е и омразен, но не може да се избегне фактот дека една мала компанија се претвори во најголемиот производител на електрични автомобили. Tesla одамна засени многу конкуренти во премиум сегментот, постигнувајќи скоро 500.000 продажби годишно.
Сега компанијата на Елон Маск ги прави сите други еднакви. Барем засега, иднината на Tesla изгледа светла, откако пред само неколку години голем број експерти за автомобили предвидуваа скорешен банкрот.