Чарлс Леклерк успешно ја задржа пол-позицијата од саботните квалификации и со тоа ја оствари својата втора победа во кариерата на задоволство на домашната публика во Италија! 

Во интересна трка, Леклерк до победата дојде пред второпласираниот Валтери Ботас и актуелниот шампион Луис Хамилтон на третото место.

Конечно добра трка за Renault. Двајцата возачи, Даниел Рикиардо и Нико Хулкенберг, одличниот викенд за тимот го заокружија со четвртото односно петото место. Александар Албон и покрај временската казна од пет секунди на крајот успеа да стигне до шестото место.

Серхио Перез и покрај притисокот од Макс Верстапен, заврши на седмото место. Холанѓанецот успеа да го надокнади лошиот старт и на крајот заврши пред Џовинаци кој ја имаше најдобрата трка во сезоната и младиот и талентиран возач на McLaren, Ландо Норис.

Тек на трката:

Леклерк успешно одговори на нападите на Хамилтон и Ботас на почетокот од трката. Во стартната мешаница, Себастијан Фетел на кратко го загуби четвртото место Хулкенберг, кој одлично ја искористи целата мешаница во која упадна неговиот тимски колега Даниел Рикиардо. Фантастичен старт и за Ленс Строл, кој се проби до седмата позиција пред Карлос Саинз и Алекс Албон.

Лошиот викенд на Верстапен на трката стана уште полош. Веќе во вториот круг Холанѓанецот мораше во бокс по ново предно крило , а застанувањето го искористи и за да добие нови, меки, гуми. Во четвртиот круг, Албон го поминува Карлос Саинз со одличен маневар. Сепак, Саинц не се предава, се обидува да ја врати позицијата, по што двајцата возачи возат рамо до рамо сè додека не се допрат на кривината Curve di Lesmo.

Како резултат на судирот, Албон паѓа на 11-то место. Во седмиот круг од трката, Фетел прави грешка, ја губи контролата и завршува во чакал. Возачот на Ferrari невнимателно се вреќа на патеката, а како резултат, Ленс Строл излетува од патеката. Фетел е казнет со десет секунди поради невнимателност, а бидејќи и Строл ја прави истата грешка, и тој добива казна (минување низ боксовите).

Во 18-от круг и Албон добива казна од пет секунди за неговиот нерегуларен маневар над Магнусен. Казна добива и Кими Раиконен, кој трката ја започнува со погршен сет на гуми.

Од водечките, Хамилтон прв оди во бокс во 20-от круг. Добива медиум гуми и на патеката се враќа на петтото место. Следи одговор и од Леклерк и Ферари во 21-от круг. За разлика од Хамилтон, Леклерк добива тврди гуми и успева на патеката да се врати на четвртото место пред Хамилтон.

Следува обид на Хамилтон од надворешна страна да го престигне Леклерк кој затвора, но добива предупредување од судиите. Во 27-от круг конечно и Ботас оди на промена на гумите. Како и неговиот тимски колега, и Ботас добива медиум гуми и на патеката се враќа зад Лекларк, Хамилтон и Рикиардо, а пред Хулкенберг.

Во 29-от круг на патеката на сила е виртуелното безбедносно возило поради  Карлос Саинз. Шпанецот мораше да го запре болидот на излезот од боксовите, откако неговите механичари не ја зацврстиле правилно една од гумите. Во меѓувреме, Албон ја отслужи својата казна – минување низ боксовите.

Во 31-от одново виртуелно безбедносно возило. Данил Квјат на сличен начин го запира својот болид и предизвикува нов краток период на трката. Ситуацијата идеално ја користи Рикиардо, оди во бокс и на патеката се враќа како четврти,

Во меѓувреме, нападите на Хамилтон во борбата за челната позиција сè уште траат. Британецот заостанува само 0,7 секунди, а Валтери Ботис само пет секунди зад неговиот колега. Сепак, Хамилтон не успева да го загрози Леклерк, бидејќи неговиот болид е помоќен во DRS зоните.

Во 36-от круг, Леклерк доцна кочи пред првата кривина, поради што мора да ја пресече шиканата. Сепак, не е казнет бидејќи не се стекнува со предност пред Хамилтон кој маневрот на Леклерк го нарекува „опасен“ преку тимското радио.

Во меѓувреме Ботас, го намали заостанувањето зад водечката двојка на 2,7 секунди, благодарејќи на посвежите гуми во однос на водечката двојка. Што се однесува до останатите Ферари, Фетел се најде на 13. место со околу 12 секунди зад Шетал. На 15 круга пред крајот се подготвува последната трка за победа меѓу Леклерк, Хамилтон и Ботас, што е малку потсетување на минатогодишното издание на ГП Италија кога Раиконен се бореше со два мерцедеси, но сепак не дојде до победа.

Во 42-от круг, Хамилтон силно сопира, блокирајќи ги гумите, поради што мораше да помине низ зоната за излетување кај првата шикана и паѓа на третото место, зад Ботас кој во секој случај беше побрз на патеката

Гумите на Хамилтон веќе немаа брзина и се шшто можеше да стори е третото место. Ботас, во исто време, не може да влезе во зоната DRS и да му се закани на Леклерк. Во 50-от круг Хамилтон оди во бокс по нови гуми со една цел – најбрз круг во трка и успева во тоа.

Ботас конечно успева да му се закани на Леклерк, но се останува на закана – младиот Монаќанец доаѓа до втората победа во кариерата. Трет е Хамилтон пред Рикиардо и Хулкенберг.

2019 Italian Grand Prix: Резултати

 

 

 

 

2019 Italian Grand Prix: Race Highlights

2019 Italian Grand Prix: Изјави по трката