Топ 10: Кои се најпродаваните SUV модели во светот?
Во првата половина од 2019 година ширум светот се продадени 4,1% SUV модели помалку споредено со истиот период во 2018 година, а моделите на јапонските производители се најбарани
Најпродаваниот SUV во првите шест месеци од оваа година е Toyota RAV4 со испорачани 441.581 единици, што претставува раст од 8,4%, според податоците на focus2move.com. На второ место е Honda CR-V која стигнала до 381.464 клиенти (+ 15,5%), додека на третото место е Volkswagen Tiguan со продадени 370.694 возила (-10,7%).
На четвртото и петтото место се модели на корејските брендови – Hyundai Tucson (255.048; -10,3%) и Kia Sportage (243.448; + 1,8%).
Ова се најпродавани SUV модели во првата половина на 2019 година: