Германското ГП и официјално отпадна. Идната година ќе следиме 22 трки

FIA денес и официјално го потврди календарот за следната натпреварувачка сезона, кога F1 караванот за прв пат ќе замине во Виетнам, а го имаме и враќањето на холандското ГП. Како што диктира традицијата, домаќин на првата трка ќе биде Австралија на 15-ти март, додека трката во Виетнам ќе биде трета по ред веднаш по Бахреин.

ГН на Холандија ќе биде прва трка по пристигнувањето во Европа бидејќи шампионатот, додека подоцна шампионатот се сели во Барселона. Вториот дел од сезоната е повеќе или помалку ист, освен што го немаме германското ГП. Ова значи дека ќе имаме 22 трки и 7 последователни викенди следната година.