Оваа година ќе биде клучна за неколку некогаш многу важни модели

Електрификација, флотна емисија на штетни гасови, недостаток на електронски компоненти, пандемија на корона вирус… Има многу болки кои ги мачат производителите на автомобили во Европа, што доведува до драстични потези.

Некои од моделите кои годинава ќе се „пензионираат“ заслужено си заминуваат, а други се откажуваат од своето место на сцената бидејќи не успеале да ги убедат клиентите во своите квалитети.

Француското дуо од сегментот А – Peugeot 108 и Citroen C1 повеќе нема да доаѓаат од поранешната заедничка фабрика во Колин, од каде што доаѓа и Toyota Aygo. Јапонскиот хечбек продолжува сам, со метаморфоза во мал кросовер за урбани прилики, додека француските близнаци се подготвуваат за „шах“ со други „пензионери“.

Mazda одлучи дека CX-3 повеќе не е доволно привлечен за европските клиенти, што го покажуваат прилично неубедливите продажни бројки. Во историјата заминува и Seat Mii… Веќе некое време, овој хечбек е достапен само во форма на EV, но дури и тоа не привлекува доволно потрошувачи.

Тешко време за лимузините на европско тло… Оваа година од сцената ќе заминат неколку седани кои некогаш биле исклучително популарни на Стариот континент. VW Passat, Ford Mondeo, Renault Talisman и Toyota Camry исчезнуваат од пазарот. За разлика од останатите наведени возила, кои целосно исчезнуваат, Passat ќе остане достапен во караван варијанта.

Покрај лимузините, SUV сегментот направи проблем на уште една класа – MPV моделите. Во текот на 2022 година и Renault Scenic и Ford Galaxy ќе заминат во историјата, а се верува дека истата судбина наскоро ќе го снајде и Citroen C4 Spacetourer.

Renault подготвува големо реновирање на сопственото портфолио. Kadjar, исто така, ќе ги спакува куферите и ќе го остави своето место на наследникoт со име Austral.

Еден од новитетите кои ќе ја одбележат тековната година секако е Dacia Jogger. Но доаѓањето на Jogger значи и крај за Lodgy.

Smart неодамна потврди дека доаѓа крајот за Smart ForFour EQ, а истото се случи и со Lada Niva со пет врати, за која не се примаат нарачки од средината на ноември минатата година.

Друг модел за кој се сомнева дека ја вози последната година во резимето е Audi TT. Како потсетување, германскиот спортист веќе исчезна од американскиот пазар, а пред тоа имаше најава дека многу брзо ќе му истече мандатот и во Европа.