Од пошироката листа од 29 кандидати во финалниот дел влегуваат Citroen C4, Cupra Formentor, Fiat 500, Land Rover Defender, Škoda Octavia, Toyota Yaris и Volkswagen ID.3

За оние кои не се целосно упатени во правилата, во изборот може да влезат нови модели кои се достапни на најмалку пет европски пазари за време на гласањето. Во изборот се инволвирани шеесет судии од 23 европски земји, а втората фаза на гласање ќе заврши до крајот на февруари, додека победникот ќе биде објавен во месец март.

Традиционално, победникот се објавува во Женева, пред почетокот на саемот за автомобили. Бидејќи и оваа година саем ќе нема, победникот ќе биде објавен на 1 март, а податоците за настанот и локацијата сè уште не се утврдени.

Вториот круг на гласање, со кој се прогласува победникот, е многу покомплексен во споредба со првиот круг. Секој член на жирито на располагање има 25 поени, кои треба да бидат распределени на седум автомобили, при што еден модел не може да добие повеќе од 10 поени. Исто така, два автомобила не можат да бидат на прво место, а мора да се оценат најмалку пет модели.

Победник минатата година беше Peugeot 208, додека во 2019 година триумфираше Jaguar I-Pace.

Европскиот избор за автомобил на годината, кој се одржува од 1964 година, додаде три нови спонзори за 2021 година. Девет автомобилски изданија од девет европски земји сега ја поддржуваат оваа независна организација и обезбедуваат финансирање; спонзорство од производителите е неприфатливо, нема маси за продажба за време на доделувањето, ниту пак било што им се наплатува на победниците и финалистите.

Продолжената листа од 29 кандидати за оваа година беше малку пократка од вообичаеното. На пример, во 2019 година, листата броеше 38, додека моделите кои не пристигнаа на време, како што е Mustanga Mach-E, ќе влезат во поширокиот избор за 2022 година.