На некои од овие виртуелни тури, ќе се чувствувате како навистина да сте во музејот

1) Музејот на Mercedes-Benz

Овој музеј, сместен во Штутгарт, Германија, е отворен во 2006 година. Тој се фокусира не само на возилата од минатото на компанијата, туку и на историски настани што се случиле во тоа време. Целата виртуелна турнеја можете да ја погледнете на следниот линк.

2) Музејот на Mazda

Музејот на Mazda во Хирошима содржи голем број на интересни креации од минатото на компанијата, како и модерни работи кои ги сакаме денес. Во него е сместена просторија со сите рото мотори направени од Mazda, вклучувајќи ги и оние од моделите Miata и 787B.

3) Музејот на Porsche

Повеќе од половина милион луѓе ја погледнале YouTube турата во музејот на Porsche. Има сè, од првите возила на Porsche до нивните тркачки автомобили и модерни модели. Најмалку 80 возила се изложени заедно со неколку други мали поставки.

4) Музеите на Ferrari во Модена и Маранело

Видео во траење од осум минути на YouTube ве води низ двата музеи на Ferrari во Италија. Првиот се наоѓа во Модена и во него може да се види куќата во која пораснал Енцо Ферари, како и многу фантастични мотори на компанијата. Музејот во Маранел нуди ретки мотоцикли, тркачки автомобили и други модерни машини.

5) Центарот за технологија на McLaren

Оваа турнеја е малку поразлична од другите затоа што влегувањето во Центарот за технологија на McLaren не е дозволен заради разни трговски тајни. Сепак, во посебни прилики, нејзините врати се отворени за ВИП членовите на McLaren, а видеото од 19 минути е веројатно нешто најблизу што некој од нас ќе го види.

Во него се сместени голем број Formula 1 болиди, патнички автомобили, вклучувајќи и неколку специјални модели кои нема да ги видите на кое било друго место.

6) Музејот на BMW

Овој музеј е отворен во 1973 година и е еден од најпосетуваните музеи од ваков вид во Германија. Содржи 120 оригинални поставки. Музичка подлога нема, така што можете да уживате само во глетката.

7) Прошетка низ фабриката и музејот на Lamborghini

Музејот на Lamborghini во Sant’Agata Bolognese содржи 50 години иновации од оваа компанија, а музејот, со својата стандардна изложба, нуди интерактивни програми и симулатори за возење. Во оваа снимка можете да видите и како се прават некои делови.