Меѓународното жири на наградата Светски автомобил на годината за жени ги објави годинешните победници во шест категории 

Помеѓу овие шест возила ќе биде избран севкупниот победник на овогодинешниот избор, а резултатите од гласањето ќе бидат објавени на 8 март, Меѓународниот ден на жената.

Ова е дванаесетта година за WWCOTY, за тим од (оваа година) 56 автомобилски новинарки од 40 земји на пет континенти. Тоа е единственото жири во автомобилската индустрија кое се состои исклучиво од жени. 

Жирито додаваат дека овие возила претставуваат извонредност во нивните сегменти засновани на безбедност, возење, удобност, технологија, дизајн, ефикасност, влијание врз животната средина и вредност за парите.

Во првиот круг на гласање, имало 65 автомобили на поширокиот список, сите лансирани помеѓу 1 јануари и 31 декември 2021 година. Во соопштението за печатот се додава дека членовите на жирито, и покрај животните предизвици и работа за време на глобалната пандемија, вложиле дополнителни напори да седнат зад воланот на овие возила за да ги оценат.

Како што веќе споменавме, жирито во овој круг ги избрало најдобрите автомобили во шест категории. Севкупниот победник ќе биде избран токму помеѓу нив, а резултатите ќе бидат објавени на 8 март, Меѓународниот ден на жената.

УРБАН МОДЕЛ

СЕМЕЕН SUV ГОЛЕМ АВТОМОБИЛ

Peugeot 308

Kia Sportage

Ford Mustang Mach-E

ГОЛЕМ SUV

СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ  4X4
BMW iX Audi e-Tron GT

Jeep Wrangler 4xe