За разлика од многу производители, вклучувајќи ги гигантите како Volkswagen и BMW, германскиот Opel нема проблем со барања на новиот стандард за емисија на штетни гасови

WLTP стандардот кој стапува во сила од 1 септември засега е голем проблем за производителите на автомобили, па така многу популарни модели привремено престанаа да се произведуваат или имаат помалку моќ.

Такви проблеми Opel нема, бидејќи сите патнички модели од гамата на производителот и во сите варијанти на погон се усогласени со WLTP стандардот.

Од најмалиот Adam па се до Zafira, од бензинските преку LGP и CNG до дизел мотори, за клиентите на Opel нема да има одложување во испораката.

Opel уште во 2016 година објави дека нивото на просечна потрошувачка од сегашната генерација на Astra е спорд WLTP стандардот кој нуди значително пореални податоци за потрошувачката во споредба со претходниот стандард, а истото е направено и за тековните верзии на Mokka X и Zafira.

Германскиот производител кој од минатата година е во сопственост на француската групација PSA отиде и чекор понатаму со втората генерација на својот предводник, моделот Insignia, која и со 2.0-литарскиот BiTurbo дизел погон ги исполнува WLTP стандардите уште од средината на 2017 година.