Заврши и вториот ден од вториот предсезонски тест во Барселона

Карлос Саинз продолжи онаму каде што првиот ден застана Ландо Норис и ја потврди одличната форма на болидот на McLaren. Второ најбрзо време имаше Серхио Перез со болидот на Racing Point, додека трети беше Себастијан Фетел, кој во претпладневниот дел од тестот заврши во заштитната ограда и на својот тим му „подари“ цело попладне во гаражата.

„Не знаеме што беше проблемот. При влегување во третата кривина, почувствував проблем на предниот лев дел од возилото, а потоа веќе неможев ништо да сторам за да се избегне ударот. Веќе немав контрола и завршив право во оградата“, изјави Фетел, кој за среќа помина без повреди.

Проблеми имаа и во Mercedes – капење на масло, поради што лимитиран број на кругови имаа и Луис Хамилтон и Валтери Ботас, а црвеното знаме како резултат на излетување покрај Фетел го „подигна“ и Макс Verstappen во Red Bull.

Во попладневните часови, не беше толку возбудливо во претпладневните, но повеќе од 100 круга на патеката помина Данил Квјат, Кими Раиконен, Луис Хамилтон, Роман Грожан, Роберт Кубица, Макс Верстапен и Карлос Саинц.