Volkswagen Group повторно најголем производител во светот
Групацијата Volkswagen е најголемиот производител на автомобили во светот во 2017 година, пред Toyota
Вкупниот обем на продажба на брендовите кои влегуваат во концернот е 10,7 милиони наспроти 10,35 милиони за Јапонците, пишува Bild am Sonntag.
Најдобри резултати во 2017 година имаат брендовите Audi и Porsche, а значитено влијание на резултатот на Volkswagen има пазарот во Кина. За минатата година групата бележи и најголема добивка во историјата – 220 милијарди евра, со што е подобрен рекордот од 2016 година, кој беше 217 милијарди.
Volkswagen како марка исто така бележи рекордно достигнување, со над 6 милиони продадени автомобили за минатата година. Во моментов компанијата составува 60 модели, а најпопуларни се Golf, Passat, Polo, Jetta и претставениот само во Кина модел Santana.
Во 2016 година концернот исто така беше пред Toyota – 10,31 милиони продажби наспроти 10,17 милиони. На Германците не им попречи дури ни скандалот Дизелгејт.
Тука е и третиот сериозен претендент за првото место – групата Renault-Nissan, која според продажбата во 2017 година беше на чело во средината на годината, но проблемите со фабриките на Nissan во октомври, доведоа до прекин на производството, а тоа очигледно и влијание на конечните резултати.