Верстапен ја освои и Италија, трката заврши зад возилото за безбедност! / ФОТО+ВИДЕО
Макс Верстапен славеше на трката за Големата награда на Италија откако зад себе го остави Шарл Леклер од Ferrari, кој втора трка во низа се искажува на победничкиот пиедестал. Со 11-та сезонска победа (31. во кариерата), Верстапен дополнително го зацврсти своето огромно водство во генералниот пласман за возачи
На третото место заврши Џорџ Расел, додека следните три места ги заземаа возачите кои стартуваа во задниот дел од поредокот поради казни. Најдобро пласман од нив оствати четвртопласираниот Карлос Саинц, кој по само шест круга влезе во кругот на освојувачи на бодови.
Луис Хамилтон мораше да се задоволи со петтото место, додека Серхио Перез заврши на шестото место откако во 43. круг од петтото место замина во бокс на промена на гумите. Вреди да се напомене дека Мексиканецот го освои дополнителниот поен за најбрз круг во трката.
Ландо Норис ја заврши трката на место кое често го нарекуваат „најдобро од останатите“, а овој пат тоа беше седмото. Поради дефект, неговиот тимски колега Даниел Рикиардо се повлече од трката во 47-от круг. Потоа на патеката излезе возилото за безбедност, кое остана на патеката се до крајот на трката.
Пјер Гасли го освои осмото место, додека Ник де Вриј во своето F1 деби негово и секако тимско задоволство заврши на деветтото место. Благодарение на неговото фантастично возење, Холанѓанецот ја освои и наградата за возач на денот. Кругот на освојувачи на поени го затвори Жу Ганжу од тимот на Alfa Romeo.
Трката не ја завршија Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо, Ленс Строл и Даниел Рикиардо.
На легендарната Монца, Верстапен стартуваше од седмата позиција, бидејќи беше казнет со пет позиции во поредкото поради промена на одредени елементи на погонската единица, но многу брзо се проби до второто место, што беше клучот за неговиот триумф. Ferrari викендов не ги направи карактеристичните грешки, но овојпат им недостигаше среќа, иако избраа агресивна тактика и во повеќето ситуации реагираа логично. Ова првенствено се однесува на фактот дека тие го повикаа Леклер во боксот веќе по десет круга за време на виртуелното возило за безбедност по откажувањето на Себастијан Фетел и застанувањето на болидот на патеката.
Mighty Max 💪
Verstappen wasted no time in going from P7 to P2 after lights out at Monza 🇮🇹#ItalianGP #F1 pic.twitter.com/pfmNs0IpBj
— Formula 1 (@F1) September 11, 2022
Леклер до моментот на прво менување на гумите ја предводеше трката, по што водството го презеде Верстапен. Тоа траеше само до моментот додека и Холанѓанецот не влезе во бокс. Сепак, возачот на Ferrari не можеше да остане на истиот сет на гуми до крајот на трката, поради што мораше повторно да влезе во бокс во обид да го фати Холанѓанецот до целта, но не успеа. Неизвесност во финишот донесе повлекувањето во 47. Круг на минатогодишниот победник во Монца, Даниел Рикиардо, по што на патеката излезе возилото за безбедност и на неа остана се до крајот.
Она што исто така го одбележа Италијанското ГП беше тоа што двократниот светски шампион Фернандо Алонсо го израмни рекордот на Кими Раиконен за најмногу стартови во историјата на Formula 1. Двојката сега е осамена на врвот со по 350 стартови, што како така ќе остане само до следната трка во Сингапур за три недели, по која возачот на Alpine ќе остани сам на врвот.
2022 Italian Grand Prix / Резултати
2022 Italian Grand Prix / Race Highlights
2022 Italian Grand Prix / Рекоа по трката…
Макс Верстапен
„Имавме одлична трка, бевме најбрзи на секоја компонента. Деградацијата на гумите беше добра, имавме најбрз болид и темпо и успеав да ја држам разликата до моментот на излегување на патеката на возилото за безбедност. За жал немавме рестарт, но се на се имавме добар ден. Инаку, стартот беше добар, имав чиста шикана, можев брзо да влезам во ритам и брзо да дојдам до второто место. Добро ги контролиравме гумите, уживав во возењето иако беше топло. Да, добар ден за нас“.
Шарл Леклер
„Крајот на трката беше многу фрустрирачки и ќе беше убаво ако можевме да ја продолжиме трката. За жал, во тоа време бевме на второто место поради она што се случи претходно. Штета, но дадов се од себе. Посакувам да можев да победам пред нашите навивачи, но не можев. Не знаевме што ќе направи Red Bull за време на виртуелното безбедносно возило и решивме да одиме заедно во боксот. Тоа резултираше со второ место на крајот и не сум премногу среќен поради тоа. Ќе продолжиме да работиме на тоа“.
Џорџ Расел
„Овој успех би го посветил на тимот, без разлика дали сме побрзи или побавни, но секогаш сме на подиумот. Можеби сакавме да бидеме подобро пласирани, но ако ги погледнеме овие три трки, два подиуми и едно четврто место значи дека ние мора да бидеме задоволни. Во однос на тактиката, моравме да направиме нешто поинаку, бидејќи не можевме да се бориме со Макс и Чарлс. Сепак јас сум задоволен бидејќи сепак презедовме нешто во однос на сето ова“.
FIA ја образложи одлуката за завршувањето на трката во Италија
На неколку круга пред крајот на Големата награда на Италија, Даниел Рикиардо мораше да го паркира својот болид на страна на патеката бидејќи имаше проблеми со моторот. Поради ова, FIA воведе локални жолти знамиња, а малку подоцна го пушти и безбедносното возило на патеката. Бидејќи до крајот на трката имаше уште неколку круга, а болидот на Рикиардо неможеше во предвиденот време да се острани болидот, управата на трката не одлучи да дозволи трката да заврши во активен ритам.
Како што изјави функционерот на FIA, стјуардите од патеката не можеле да го стават болидот на Рикиардо во неутрална брзина за подоцна да го оттурнат, па поради тоа морале да чекаат да пристигне кранот. Од друга страна, ваков инцидент не беше доволен за да се подигне црвено знаме. Бидејќи управното тело ја става безбедноста на прво место, тие решија да ја завршат трката зад безбедносното возило и FIA целосно стои зад одлуката.