Инвестициите на производителите за реклама на нивните производи често се огромни, но не секогаш и неопходни. Едноставно, одредени производи и она што го имаат зад себе како резултат, се реклама сама за себе. Таков е случајот со Volvo XC90

Имено, Volvo XC90 е официјално прогласен за најбезбеден автомобил во Велика Британија. Ако се прашувате зошто, причината е едноставна. Автомобилот на овој пазар е присутен цели 16 години, а за тој период со него не настрадал никој, ниту возач, ниту патници.

Според податоците на независниот истражувачки институт, Thatcham Research, SUV моделот Volvo XC90, кој во 2015 година ја доби својата втора генерација, е најбезбедното возило што било досега тестирано, а сето тоа и благодарение на делумно автономниот систем за сопирање.

Од овој шведски SUV модел откако е присутен на пазарот во Велика Британија, 2002 година, продадени се повеќе од 50.000 примероци. Според експертите, неговите највисоки можни оцени на тестови за судар, но и во пракса, на отворени патишта, се навистина заслужени,а најмногу од пофалбите се упатени до автономниот систем за сопирање во случај на опасност.

Имено, овој систем сега е стандард во голем број на автомобили, што само по себе укажува колку животи се спасени благодарение на него. Експертите сметаат дека тоа е најдобриот безбедносен систем инсталиран во автомобил, уште од моментот кога почнала широката употреба на безбедносниот ремен.