Компанијата веќе го тестира системот на аеродромот во Хамбург

Германскиот автомобилски гигант, Volkswagen, се обидува да ја зголеми палетата на услуги за своите клиенти, па така од 2020 година во неа ќе влегува и автономно паркирање на возилата на концернот. Компанијата овој викенд потврди дека во моментов се спроведуваат тестови на системот за автономно паркирање, а тестирањата се одржуваат на аеродромот во Хамбург.

Автономното паркирање ќе добива сè поважна услуга, а од VW цитира истражување на INRIX, според кое германските возачи поминуваат 41 часа годишно во потрага по слободно место за паркирање. Во Велика Британија за тоа се потребни 44 часа, а рекордот го држи Њујорк – 107 часа годишно и многу нервозни возачи.

Ваков систем развиваат неколку автомобилски компании, но од VW тврдат дека нивниот е уникатен. Во основата лежи мапа на паркингот, а главна улога има системот за активно препознавање на животната средина, кој и го раководи автомобилот во потрагата на слободно паркинг.

Во пракса тоа значи дека во блиска иднина ќе може да го запрете автомобилот на влезот на паркинг, а потоа да го пуштите (со тоа и самите ќе заштедите време) сам да се снајде за место на паркинг.

Во почетокот на сериското нудење на оваа функција, таа ќе биде присутна само кај одредени модели, а исто така и на утврдени паркинзи. Дури потоа ќе опфаќа повеќе автомобили и локации.

Според друго истражување на VW, во моментов возачите поминуваат 30% од времето во потрага по место каде да паркираат, додека возат во градска средина.