Вака изгледа Toyota Land Cruiser по испалени 780 куршими, 10 гранати и 15 килограми експлозив / ВИДЕО
Ниту шест гранати на покривот, четири под возилото, две нагазни мини и пластични експлозиви не биле доволни да ја пробијат кабината
Светот во кој живееме често бара поединци да се возат во блиндирани или околопени цивилни возила кои обезбедуваат максимална безбедност на патниците од експлозии и куршуми. Трендот е се поприсутен од година во година, па има многу фабрички преобразби на цивилни автомобили во оклопни возила.
Еден од нив е одделот на Mercedes, кој „S“-класата во „тенк на тркала“ во кој, на пример, се вози германскиот канцелар Олаф Шолц. Има и специјализирани работилници кои се занимаваат исклучиво со оваа дејност, а можностите за заштита на оклопните возила се прикажани во видеото од канадската компанија INKAS, која за блиндираниот Toyota Land Cruiser 300 добила VPAM VR7 сертификат.
Во видеото може да се види што значи ова и како изгледа кога ќе активирате 15 килограми пластичен експлозив во близина на моќниот теренец на Toyota. Дополнително, ова возило поминало многу повеќе од едноставен балистички тест: кон него биле испукани 780 куршуми од различен калибар.
Покрај тоа, INKAS има постигнато Ниво 2 од сертификатот STANAG4569, стандард поставен од НАТО за заштита на патниците во логистички и лесни оклопни возила, делумно преку тестирање на сериозни експлозиви на возилото. Шест гранати на покривот, четири под возилото, две нагазни мини и споменатиот ТНТ детонирале и не успеале да ја пробијат кабината.
„Возбудени сме што можеме да го покажеме високото ниво на балистичка отпорност на заштитата на INKAS“, вели Маргарита Симкин, ко-основач и претседател на INKAS.
„VPAM е златен стандард во тестирањето на дизајнот и конструкцијата на оклопните возила, а овој сертификат е доказ за нивото на стручност на нашиот инженерски тим и врвните производствени техники кои му овозможуваат на INKAS да ги исполни своите барани стандарди“.
Тестирањето што се гледа на видеото е навистина импресивно, а да не зборуваме за луксузната внатрешност на самиот Land Cruiser. И покрај еден тон дополнителни делови кои служат како заштита, самата кабина сепак изгледа удобно и пространо. Единствениот вистински надворешен знак дека ова е оклопно возило е отворот за бегство на покривот.
Се разбира, има многу нешта кои се потребни за да се создаде ваков автомобил кој е буквално отпорен на куршуми.
Балистичкото стакло е само почеток бидејќи оклопната преграда се наоѓа на задниот дел на теренецот. Резервоарот за гориво, ECM, засилувачот на сопирачките и батеријата исто така добиваат заштита од напад. Ова е навистина една од најсигурните и најотпорна на куршуми Toyotа што неекој може да ја поседува.