Системот дебитира во Lexus LS и водородниот Mirai

Toyota стана уште еден производител на автомобили со сопствен автопилот систем од втор степен. Технологијата е во развој долго време, но сега е целосно завршена.

Комплексот наречен Advanced Drive дебитира во два од технолошки најнапредните модели на јапонскиот производител – хибридниот седан Lexus LS 500h и водородниот Toyota Mirai, кои се изградени на истата платформа. Што се однесува до функционалноста, системот на Toyota е нешто посупериорен во однос на Nissan ProPilot 2.0, кој се појави пред 2 години“.

Системот Advanced Drive се активира само на автопатите, каде што може да ја задржи потребната брзина и да држи растојание од другите возила. Овозможува забрзување и забавување, ја одржува сообраќајната лента, а способен е и за престројување и престигнување. За оваа цел, сепак, возачот мора да притисне копче на воланот или да го активира соодветниот трепкач.

Технологијата користи две камери поставени под ветробранското стакло, како и радари, лидар на предниот браник и навигациска мапа, благодарение на што електрониката го одредува бројот на ленти и ограничувања на брзината. Системот се ажурира од далечина, користејќи ги информациите акумулирани од самите автомобили на патот.

Возачот не треба да ги држи рацете на воланот, но може да интервенира доколку е потребно. Сепак, неговиот поглед секогаш треба да биде во насока на патот, а тоа го следи посебна камера во салонот. Ако истата открие дека возачот не е фокусиран на патот, се активира звучно предупредување и безбедносниот ремен почнува да вибрира. Доколку возачот не реагира, автомобилот се прилагодува и целосно застанува, вклучувајќи ги светлата за итни случаи, отклучувајќи ги вратите и контактирајќи ги соодветните служби.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Седаните Lexus LS 500h и Toyota Mirai со системот Advanced Drive ќе бидат лансирани во Јапонија овој месец. Водородниот модел чини минимум 77.000 долари, додека луксузниот седан на Lexus – 149.000 долари. Подоцна, системот ќе се појави и на други модели.

Loading...

WCOStream watch anime dub: Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen (https://wcostream.cc/m/6Er0) Episode Preview

AnimeFreak anime freaks tv: Death Note (Dub) (https://animefreak.ws/m/xZ2B) Episode 37