Германската компанија откри на какви тестови го подложила моторот на спортското купе

Тешко дека некој ќе се изненади од фактот дека Porsche темелно ги тестира своите автомобили. Сепак, малкумина знаат на какви огромни оптоварувања се подложени за време на тестовите.

Ова целосно се однесува на подготовката на новиот 911 GT3, за кој компанијата сега открива и детали. Овој пат инженерите на Porsche надминале сè што направиле досега. Станува збор за извозени 5.000 километри на патеката за тестирање Нардо во должина од 23 км и во сопственост на германскиот производител.

Во Porsche сакале да се осигурат дека високо технолошкиот 4.0-литарски 6-цилиндерски мотор со моќност од 500 КС на екстремната верзија е доволно издржлив на пат и гарантира сигурност додека вртежите се во црвена зона или 9000 вртежи во минута . Затоа, тест-автомобилот се возел со постојана брзина од 300 km/h во секое време, застанувајќи само за полнење гориво.

„Вкупно, моторот во новиот GT3 е тестиран повеќе од 22.000 часа на тест-платформа. За време на тестирањето, ние постојано симулиравме типични профили за автомобил на тркачка патека и го форсиравме моторот под полн гас во најголем дел од времето“, вели Томас Мадер, проект менаџер на GT Road Motor Engines.

Porsche открива дека напорно работеле и на аеродинамиката на спортскиот автомобил. Направени се 700 различни симулации, а машината поминала 160 часа во воздушен тунел. Благодарение на ова, позицијата на задниот спојлер и предниот сплитер е максимално подобрена, што помага да се постигне уште повпечатлива брзина.

На крајот, новиот 911 GT3 генерира 50% поголема потисна сила од претходникот при брзина од 200 km/h, а оваа бројка се однесува на фабричките поставки. Со дополнително прилагодување на максималната потисна сила, зголемувањето е веќе над 150%, велат од Porsche.