Единствената марка на автомобили која ја зголемила својата вредност во однос на минатата година е Tesla

Kantar, компанија за истражување на пазарот, објави список на 100 највредни брендови во светот, на кој има само три автомобилски марки

Toyota се најде на 48-то место, како највреден бренд помеѓу производителите на автомобили во светот, и покрај тоа вредноста на компанијата има пад од 3% во однос на 2019 година.

Втор автомобилски бренд кој има место во Топ 100 највредни светски брендови е Mercedes-Benz, како 56-ти на оваа листа. Германскиот производител на автомобили, според ова рангирање, изгубил 9% од својата вредност споредено со минатата година.

Третиот и последен автомобилски бренд на листата 100 највредни (на 61 место) е исто така од Германија, а тоа е BMW. „Баварците“ изгубиле 12% од својата вредност во однос на 2019 година.

Ако се погледне исклучиво листата на автомобилски брендови, на 4-то место во светот е американскиот производител на електрични автомобили Tesla, на петтото место е Ford, додека na шестото е Honda. Следат Nissan на седмото место, Audi на осмото, Volkswagen на деветтото место, а Porsche го комплетира списокот на највредните Топ 10 автомобилски брендови.

Сите овие марки на автомобили изгубиле дел од својата вредност споредбено со минатата година, со исклучок на Tesla, чијашто вредност се вели дека се зголемила за 22% во однос на 2019 година.