Oд производните линии на фабриката во Цвикау е симната последната копија од седмата генерација на Golf

Volkswagen се збогува со Golf 7 во својата фабрика лоцирана во источниот дел на Германија, а последниот примерок од овој модел е бел караван во R верзија. На тој начин завршува една ера на фабриката Цвикау, за време на која во таа фабрика се изработувани автомобили со SUS мотори.

Германскиот производител пресметал дека во таа фабрика од мај 1990 година, кога започнало производството на VW возила, изработени се вкупно 6.049.207 „народни автомобили“.

Во фабриката во Цвикау во последните три децении се произведувани модели како Polo, Golf, Golf караван, Passat и Passat караван, а отсега ќе биде дома исклучиво на електрични автомобили.

Кога планираната експанзија на капацитетот ќе заврши во 2021 година, фабриката во Цвикау ќе произведува околу 330,000 електрични автомобили Volkswagen, Audi и Seat на годишно ниво.

Во овој погон во ноември 2019 година започна предпроизводството на Volkswagen ID.3, а се планира да се започне со монтажа и на електричниот кросовер ID.4 во текот на летото. Електричниот Seat el-Born исто така ќе се произведува во фабриката Звикау.