Шефот за маркетинг во компанијата го гледа како колекционерски модел

Во последните неколку години, Volkswagen и дизелот не се најсреќна комбинација. Поради нерегуларната емисија на азотни оксиди, вклучително и кај други производители од групата, како Audi и Porsche, на крајот доведе со запирање на производството на одредени дизел модели.

Сепак, Volkswagen ги користи озналите TDI, а во Женева го претстави моќниот Touareg V8 TDI.

Volkswagen SUV моделот во Женева пристигна во моќна варијанта, со 420 КС и 900 Nm вртежен момент, што на овој Touareg му обезбедува спринт до „стотка“ за 4,9 секунди.

Можеби звучи „декадентно“, но Јирген Штакман, не мисли така, напротив, тој го гледа Touareg V8 TDI како колекционерски примерок.

„Имавме долга дебата и веруваме дека Touareg е прва класа автомобил. Тој може да се справи со секој ривал на светот. Дарувајќи му V8 агрегат е посебна чест и јас верувам дека ќе биде интересен колекционерски автомобил уште од првиот ден“, вели Штакман.

Со овие информации доаѓа и веста, веројатно за некого не баш среќна, дека најверојатно ова ќе биде последниот Volkswagen Touareg со V8 дизел мотор.

„Гледајте, најверојатно, ова ќе биде последниот V8 дизел“, заклучува Штакман.

Loading...