Audi TT можеби и нема да ја дочека следната генерација, но во план е друг модел кој треба да ја пополни испразнетата позиција

Трендот на зголемена побарувачка на кросовер и SUV автомобили не застанува, а тоа секако не е во прилог на малиот Audi „спортист“ со низок профил и 2-врати.

Дека иднината на Audi TT е повеќе од неизвесна, потврдува и извршниот директор на овој бренд, Брам Шот, во интервју за изданието Autocar.

Запрашан дали ТТ ќе продолжи да се произведува и по завршувањето на животниот век на актуелната, трета генерација, Скот вели дека не е сигурен дека овој модел има иднина. Сепак, потврдва дека Audi TT ќе добие некаков вид наследник во гамата на германскиот производител, што не значи директен.

Една од причините за евентуалното пензионирање на ТТ е тоа што Audi ја ревидира постоечката гама на модели за да ги оптимизира и да ги намали трошоците. Така, заштедените пари подоцна ќе бидат искористени за финансирање на нови технологии и за развој и производство на електрични возила.

Како што се наведува, Брем Шот веќе успеал да ги намали трошоците со намалување на гамата на мотори и разни верзии на постоечки модели за цели 27%.

Со оглед на тоа што Audi TT нема значителен удел во вкупната продажба на брендот, овој автомобил е еден од првите кој ќе се најде на удар кога ќе се постави прашањето за гасење на одредени модели за да се рационализира производството.

Оние кои сакаат да купат нов Audi TT секако не треба веднаш да се загрижат, бидејќи тоа сигурно нема да се случи во следните неколку години односно барем до 2022 година.