Топ 5 караван изведби со најголем багажен простор
Средната класа е сè уште многу силен и почитуван сегмент на автомобилскиот пазар. На ова влијаат не само лимузините, туку и караван изведбите
Овие практични каросериски верзии нудат значително поголема употребливост. Токму затоа овие модели се избираат и од индивидуалци и од компании.
Можеби не се толку модерни како теренските модели, но секако се поевтини за употреба, подинамични и поекономични. Предноста на SUV моделите е само повисоката позиција зад воланот и поголема оддалеченост од тлото.
Комби или караван изведбите во Д сегментот може да имаат голем, многу голем или огромен простор за багаж. Да, разликите во оваа категорија можат да бидат навистина големи. Токму затоа, за оние коие се заинтересирани за купување на ваков тип на автомобил, во продолжение нудиме споредба на модели според капацитетот на багажниот простор, кој секако е основната работа кога се размислува за овие модели.
-
Peugeot 508 SW
Peugeot 508 SW има капацитет на багажниот простор од 530 литри (30 литри помалку од неговиот претходник, но 43 литри повеќе од седан верзијата). Со преклопени задни седишта, волуменот на багажникот се зголемува на 1.780 литри. Задната врата може да се отвори автоматски, без раце, а прагот за товарење е широк и низок.
-
Opel Insignia Sports Tourer
Актуелната генерација на Insignia Sports Tourer е најдолга во целата палета. Димензии се близу до сегментот E. Под широкиот капак, се наоѓа багажен простор од 560 литри. Со преклопени задни седишта, просторот за полнење се зголемува на 1.665 литри.
-
Renault Talisman Grandtour
Францускиот караван дебитираше на пазарот пред неколку години и сè уште изгледа многу свежо. Покрај привлечна силуета, Talisman нуди и пристоен багажен простор од 572 литри кои може да се користат во конфигурација за 5 лица. Максималниот капацитет е 1.681 литри.
-
Volkswagen Passat Variant
Еден од најголемите и најпространи автомобили во Д сегментот не може да изостане од оваа листа. Во основа, на располагање се 650 литри. Сепак, кога ќе се преклопат задните седишта, се добиваат 1.780 литри.
-
Škoda Superb Kombi
Многумина тврдат дека тоа е најпрактичниот модел во својата класа. Несомнено е еден од лидерите, што се гледа од капацитетот на багажникот. Стандардно корисниот волумен е 660 литри. Тоа е очигледно повеќе од горенаведените четири автомобили. По преклопувањето на задните седишта, се создава неверојатен простор од 1.950 литри.
Вредно е да се споменат уште неколку модели:
- Mercedes-Benz C-Class: 490 литри
- BMW 3-Series Touring: 500 литри
- Audi A4 Avant: 505 литри
- Mazda 6 Estate: 522 литри
- Ford Mondeo Estate: 525 литри
- Volvo V60: 529 литри
Бројките се потврда за претходно кажаното – 160 литри разлика помеѓу најмалиот и најголемиот багажник, што е навистина многу. При проценка на просторот за полнење, вреди да се земат во предвид и практични решенија, кои меѓу останатото може да вклучуваат: дополнителни прицврстувачи, вдлабнатини, ормани, мрежи, прегради, ролетни, двоен под и систем за преклопување на седиштата. Понекогаш, можеби и малку помал багажен простор може да биде покорисен ако има голем број на корисни решенија.