Одредени колекционерски примероци на класични автомобили достигнуваат астрономски цени и до десетици милиони долари. Во прилог ви ја нудиме најновата листа на десетте најскапи автомобили на сите времиња некогаш продадени на аукција

Со оглед на тоа што многу трансакции се спроведуваат директно помеѓу колекционерите, податоците за тие цени генерално не се достапни за јавноста, а според експертите таквите примероци се дури и поскапи од оние што се појавуваат на аукции. Затоа, на листите на најскапи автомобили некогаш продадени, најчесто се наоѓаат само возила кои го смениле сопственикот на некоја аукција.

Дека цените одат постојано нагоре, најдобро може да се види ако се споредат листите на 10-те најскапи примероци од 2014 и 2018 година.

На листата од јуни 2014 година позицијата број 1 ја држи Mercedes-Benz W196 од 1954 година со цена од 29,7 милиони долари, додека на најновата листа овој автомобил е само на 3-то место.

Ова е најновата листа на десет најскапи класични автомобили на која, доминираат модели на Ferrari:

10. Ferrari 250 GT SWB California Spider 1961
18,5 милиони $ (продаден во 2015)

9. Alfa Romeo 8C 2900 B Lungo Spider 1939
19,8 милиони $ (продаден во 2016)

8. Jaguar D-Type 1955
21,8 милиони $ (продаден во 2016)

7. Aston Martin DBR1 1956
22,5 милиони $ (продаден во 2017)

6. Ferrari 275 GTB/C Speciale 1964
26,4 милиони $ (продаден во 2014)

5. Ferrari 275 GTB/4 S NART Spider 1967
27,5 милиони $ (продаден во 2013)

4. Ferrari 290 MM 1956
28 милиони $ (продаден во 2015)

3. Mercedes-Benz W196 1954
29,7 милиони $ (продаден во 2013)

2. Ferrari 335 S 1957
35,7 милиони $ (продаден во 2016)

1. Ferrari 250 GTO 1962
38,1 милиони $ (продаден во август 2014)