Honor 10 дели дел од хардверот со Huawei P20 / P20 Pro моделите, но со многу пониска цена – 399 евра за 64 GB меморија

Huawei објави дека новиот модел од под-брендот Honor (Honor 10) е веќе достапен на глобалниот пазар, а повеќето новинари од областа на технологијата го споредуваат со Huawei P20 / P20 Pro моделите. И покрај тоа што не ги имаа сите исти опции како и Pro, Honor 10 корисниците ќе ги освои со дизајнот, хардверот и, се разбира, поволните цени во споредба со телефоните на другите познати брендови. На европскиот пазар, моделот со 64GB ќе биде достапен по цена од 399 евра, додека моделот со двојно повеќе меморија ќе биде 50 евра поскап.

Хардверски, овој паметен телефон дели бројни опции со топ моделите на Huawei – процесор Kirin 970, 4 GB RAM меморија и 3450 mAh батерија, а треба да се издвои и се поретката опција на новите мобилни телефони – 3.5 милиметарски приклучок за слушалки.

Една од разликите во однос на топ моделите на Huawei е екранот, односно типот на екран – додека Huawei предводникот има OLED екран, Honor 10 располага со 5.84-инчен LCD екран, како и „заб“ на врвот од екранот каде што се наоѓа предната селфи камера. Резолуцијата на оваа камера е 24 MP со f / 2.0 отвор на бленда и овозможува снимање на портрети со студиски ефекти.

На задната страна има две камери – главната со резолуција од 16МР и 24МР монохроматска на кои за што подобра фотографија ќе им помогне вештачка интелигенција. Сепак, квалитетот на сликите не е ист како и кај P20 Pro.