HMD Global официјално го претстави својот нов паметен телефон Nokia X6, првиот модел од освежената серија X. Овој телефон од средниот сегмент во премиум куќиште е претставен во Кина

Nokia X6 има 5,8-инчен FHD+ дисплеј (1080 x 2280p), со сооднос од 19:9 и заштита Corning Gorilla Glass 3.

Ова е првата Nokia со „заб“ на врвот од екранот, со 16MP f / 2.0 предна камера и функции за препознавање со помош на скен на лицето.

На задната страна се наоѓа систем од две камери кој се состои од стандарден сензор од 16 МР и f / 2.0 бленда и монохроматски сензор од 5МР со f / 2,2 отвор на бленда.

Сите камери имаат корисни AI трикови, како што се замаглување на позадината, препознавање на лице, динамичка експресија и филтри. Назад е сензорот за отпечатоци.

Телефонот работи со чипсет Snapdragon 636, во спрега со 4GB RAM и 32GB / 64GB простор за складирање, односно 6GB RAM и 64GB простор за складирање. Хибридниот слот може да се користи за да се прошири просторот за складирање или да се додаде друга СИМ картичка.

Батеријата на телефонот има капацитет од 3060mAh и се полни преку USB-C конектор, до брзина Quick Charge 3.0. Ова треба да овозможи полнење до 50% за 30 минути.

Оперативниот систем на телефонот е Android 8.1 Oreo, со ветување од компанијата за надградба на Android P.

Овој паметен телефон ќе биде достапен во сина, црна и сребрена боја. Продажбата на Nokia X6 во Кина започнува од 21 мај, додека потврда за достапност надвор од Кина сеуште се чека.