Tesla ја постигна целта – произведени 5.000 единици од Model 3 во последната недела од вториот квартал од оваа година

Имено, двајца вработени од оваа компанија за агенцијата Reuters откриле информација дека последниот автомобил ги поминал сите проверки за квалитет во пет часот наутро, само пет часа по истекот на рокот утврден од Илон Маск.

Во е-поштата испратена до неговите работници, Маск навел дека Tesla ја постигнала целта во однос на производство на Model 3, а следниот чекор треба да биде производството на 6.000 примероци од овој автомобил секоја недела во текот на јули. Во исто време, Tesla планира да произведува по 7.000 Model S и Model X неделно.

Овој пат Илон Маск го оствари ветувањето дека Tesla ќе произведе 5.000 единици од Model 3 пред крајот на вториот квартал од оваа година. Сепак, останува да се види дали овој број ќе остане на тоа ниво, особено ако се земе предвид фактот дека компанијата се соочува со проблеми поврзани со батериите и поради прекумерното потпирање на автоматизација, поради што компанијата неколку пати беше загрозена од јули 2017 година.

За остварување на целта, компанијата Tesla изградила уште една производна линија под масивен „шатор“ покрај фабриката во Фримонт и тоа за само две недели.