Nissan GT-R50 од Italdesign е создаден во име на 50-годишнината од постоењето на GT-R и Italdesign

Наречен „GT-R без граници“ од Алфонсо Албаиса, виш заменик претседател за глобален дизајн на Nissan, автомобилот изгледа навистина импресивно.

Иако основата за GT-R50 е тековниот Nismo модел, се чини дека сите линии се нови, но во исто време се задржува карактеристичната естетика на GT-R. На предната страна е видлив внатрешниот „златен“ елемент кој ја врамува маската на ладилникот. Капакот на моторот има изразена испакнатина, а од двете страни почиваат LED светла, кои се протегаат од вентилационите отвори до лаковите на тркалата. Дизајнерите ја спуштиле кровната линија за околу 5,5 сантиметри. Лаковите на тркалата изгледаат „мускулесто“, а редизајниран е и задниот прозорец. Уникатните 21-инчни тркала го заокружуваат атрактивниот изглед.

Што се однесува до внатрешноста, тука има две различни завршни обработки од јаглеродни влакна на централната конзола, инструмент таблата и вратите. За седиштата се употребени црна италијанска кожа и црна алкантара, а тука се и „златните“ акценти.

Сега и за главната работа. Погонскиот 3.8-литарскиот би-турбо V6 агрегат Nismo го надградил до 720 КС и 780 Nm. Во промените се вклучени и GT3 турбополначи и поголеми интеркулери. Ревидиран е и профилот на брегастото вратило, а протокот на гориво преку инјекторите е под зголемен притисок. Појачан е и секвенционалниот менувач со двојна спојка, како и диференцијалните и погонски вратила.

Се работело и на суспензијата. Bilstein континуален систем за амортизација, сопирачките од Brembo, гумите се Michelin Pilot Super Sport…

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1GT-z74CBJD_vlFMV6whN3MhVbYYb0jQV” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Nissan GT-R50 by Italdesign во Европа ќе дебитира следниот месец.