Во премиум/луксузниот сегмент, тектонските нарушувања предизвикани од електрификацијата се поизразени отколку на „мејнстрим“ пазарот, бидејќи кај оваа категорија возила процесот на електрификација се одвива побрзо

 

BMW е најпродаван премиум бренд во САД во 2021 година, трета година по ред (336.644 возила). Тоа е одличен резултат, но она што е индикативно е дека Tesla е на второто место со 313.400 единици.

На глобално ниво, американскиот производител на електрични автомобили во 2021 година има продадено 936.172 автомобили, што е подобрување за дури 87,4 отсто во однос на претходната година.

САД 2021 година (премиум сегмент):

  1. BMW 336.644
  2. Тесла 313.400
  3. Lexus 304.475
  4. Mercedes-Benz 276.102
  5. Audi 196.038

 Поради големата побарувачка и претстојниот почеток на производството во Тексас, се очекува Tesla да продолжи со својот раст и да го престигне BMW во текот на 2022 година.

Вкупно, на референтниот пазар на САД во 2021 година се продадени околу 2,2 милиони премиум/луксузни возила, што е околу 14,7 отсто од вкупната продажба, што значи дека уделот на Tesla во тој сегмент е веќе околу 14 отсто.

Некои можеби ќе речат дека Tesla не е вистински премиум бренд, бидејќи има разлики во споредба со традиционалните производители. Сепак, автомобилската индустрија со право ja сместува Tesla во оваа категорија, бидејќи е факт дека овој бренд нуди многу повеќе од традиционалните „мејнстрим“ брендови, а во некои аспекти повеќе и од „германската“ тројка, Lexus…