Неколку тестови за да се види кој SUV е најдобар

Suzuki Jimny е повеќе од симпатичен автомобил со својот „кутија“ изглед. Како теренско возило е одлично, па затоа е пожелен модел на сите меридијани.

Сепак, дали може да се спореди со припадниците на „тешката артилерија“, како што се Jeep Wrangler Unlimited и Mercedes-AMG G63? За тоа се погрижиле од изданието CarWow. 

Suzuki Jimny има 1.5-литарски мотор од 102 кс (75 kW) со максимален вртежен момент од 138 Nm. Погонот е секако на сите тркала, нема диференцијално заклучување, но има редуктор.

Jeep Wrangler Unlimited се придвижува со 2.0-литарски турбобензинец кој испорачува 272 КС (201 kW) и 400 Nm. „Вооружен“ е со диференцијално заклучување и систем на раздвојување на хоризонталните стабилизатори. Ова е можеби најпопуларниот модел на глобално ниво меѓу обожавателите на теренски модели.

AMG G63 изгледа како Jimny на стероиди. Напојуван со 4.0-литарски Biturbo V8, може да се пофали со дури 585 КС (430 kW) и 850 Nm.

Дали моќта како параметар е доволна за да се победи нагорнина на лизгава површина или пак….

Погледнете го видеото.