По А8, А7, Q7 и Q5, Audi електрифицираше уште еден седан – А6

Во срцето на хибридниот A6 55 TFSI e quattro е 2.0-литарски 4-цилиндeрски турбо-бензинец со 251 КС. За да се намалат емисиите на гасови и да биде легална за возење низ центарот на поголемите европски градови, лимузината добила електрична поддршка.

TFSI спарен со електричен мотор од 142 КС на Audi A6 e quattro му овозможува вкупна моќност од 365 КС и 500 Nm вртежен момент веќе од 1.250 вртежи во минута.

Благодарение на електрифицираниот погон, на хибридниот А6 му се потребни само 5,6 секунди за да забрза до 100 km/h.

Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h, a со користење само на електричниот мотор може да се движи со максимални 135 km/h и да помине максимални 53 километри.

Audi новиот A6 55 TFSI e quattro ќе го продава во S-Line и Black пакетот, кој вклучува LED матрикс фарови, алуминиумски фелни од 19 инчи со црвени вилушки на сопирачките, спортска суспензија, Audi Virtual Cockpit контролна табла, спортски седишта, четири зонска клима.

Почетната цена во Германија ќе биде 68.650 евра.

Loading...